Коронавирусот во Европа – Мерките за затворање продолжуваат

Европските држави се навикнуваат на фактот дека мерките за целосно затворање ќе продолжат и во 2021 година, и се поголема е загриженоста за успехот на вакцината, единствениот лек што треба да стави крај на пандемискиот кошмар.

AstraZeneca најави дека ќе обезбеди повеќе информации за својата вакцина за да одговори на прашања.

Русија во петокот има рекордно зголемување на бројот на нови случаи, 27.543, а бројот на починати е повеќе од 38.000, покажуваат официјалните податоци.

Вкупниот број на заразени во Германија од почетокот на пандемијата во петокот надмина еден милион, а дневниот биланс на смртни случаи е рекорден-426. Вкупно починале 15.586 луѓе. И после еден месец делумно затворање, официјалните лица одлучија да го продолжат за уште еден месец.

Мерките во Германија даваат резултати, ограничувањата продолжени до 20 декември

Многу региони наредија хотелите да не примаат луѓе кои патуваат како туристи, но некои од нив најавија дека ќе дозволат ноќевања за Божиќ бидејќи тие патувања не се сметаат како туристички патувања.

Огромното мнозинство од 56 милиони жители на Англија, вклучително и Лондон, ќе продолжи да живее под строги мерки откако ќе заврши карантинот на почетокот на декември.

Развој на вакцини

Поранешниот британски министер во петокот ја повика владата да размисли како би ги дистрибуирала вакцините, откако беа откриени проблеми околу клиничките истражувања за вакцините што ги развија универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.

Професорот Дејвид Солзбери рече дека владата ќе се соочи со „тежок избор“ доколку вакцината се покаже како помалку ефикасна од другите.

По излегувањето од карантин цела Англија оди под строги мерки

Економски проблеми

Во Шведска, извозот на стоки и потрошувачката помогнаа економијата да се задржи на 4,9 проценти раст во третиот квартал, во споредба со минатата година кога БДП падна за 8,3 проценти. Генерално, БДП на Шведска падна за 2,5 проценти на годишно ниво, соопшти шведската агенција за статистика.

Во блиската Данска, се разгледува можноста за ексхумација на милиони заклани ласици од страв да не бидат заразени со мутирана верзија на коронавирусот. Властите стравуваат дека нивните тела можат да го загадат снабдувањето со вода, па затоа размислуваат за согорување.

Данска уништи мутиран вид на коронавирусот

Убиството на милиони ласици стана контроверзно прашање бидејќи данските власти немаа законска основа за убиство на овие животни, што беше економски моќен удар за нивните одгледувачи.