Радев: Бугарија сега е изолирана пред своите европски партнери

Бугарија не ги изгради доволно добро своите позиции кон Македонија и затоа сега е изолирана пред своите европски партнери, вели бугарскиот претседател Румен Радев

Според Радев во моментов е потребно да се смират страстите меѓу двете страни, за да се започне отворен разговор.

-Со големо задоцнување владата се сети дека треба да го заштитува националниот интерес и затоа се во изолација. По неуспешниот обид на Владата да ги убеди нашите европски партнери дека условите за нашата национална рамковна позиција усвоени со консензус во парламентот мора да бидат поставени како дел од преговарачката рамка, сега ќе биде голема грешка ако премиерите Борисов и Заев изиграат еден театар за публиката и потпишат од ново една посакувана декларација како тој договорот од 2017 година, без јасни критериуми, вели Румен Радев.

Бугарскиот претседател истакна дека Бугарија треба да и даде зелено светло на Македонија, само откако, како што вели, ќе бидат признаени објективните историски факти.