Хрватскиот БДП падна за 10 проценти во третиот квартал на година

Хрватската економија падна за 10 проценти во третиот квартал во споредба со истиот период во 2019 година, што најмногу се должи на падот на личната потрошувачка, според денешната прелиминарна проценка на Централното биро за статистика.

Овој пад е помал во однос на рекордниот минус од 15,4 проценти во вториот квартал.

Ова е втор квартал по ред како хрватската економија опаѓа на годишно ниво, што значи дека земјата влезе во првата рецесија од 2014 година.

Реалниот пад на хрватскиот БДП од 10 проценти во периодот јули-септември е втор по големина од 1995 година, кога започна кварталната проценка на БДП, според државната статистика.

Според статистичките податоци, потрошувачката на домаќинствата потонала за 7,5 проценти во последниот квартал од претходната година.

Овие се послаби податоци во споредба со просекот на Европската унија. Според податоците на Евростат, економијата на ЕУ пораснала за 11,6 проценти во третиот квартал во споредба со претходниот квартал, додека паднала за 4,3 проценти во споредба со третиот квартал од минатата година.