Русија вакцината против коронавирусот ќе ја произведува Индија

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) и индискиот производител на лекови „Хетеро“ објавија договор за производство на руската вакцина против Ковид-19 „Спутник V“ во Индија, објави денес новинската агенција РИА, наведувајќи дека планирано е производство на повеќе од 100 милиони дози годишно.

Производството е предвидено да започне следната година.

Според водачот на РДИФ, Кирил Дмитриев, Спутник V треба да стане „важен дел од националното портфолио на вакцини“ за секоја земја.

Вакцината, развиена од Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, стана првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот.

Русите тврдат дека е развиена „на добро проучена и тестирана платформа за човечки аденовирусни вектори, со важни предности во однос на безбедноста, ефикасноста и без долгорочни негативни ефекти“.

РДИФ вчера објави и дека е можно производство на вакцина Спутник V и во Германија.

Руските епидемиолошки служби објавија 27.543 новоинфицирани со коронавирусот во четвртокот, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

Досега во Русија се регистрирани 2.215.533 пациенти.