Николоски: Заев наместо да се извини и повлече од изјавата, тој ги руши позициите на Македонија

Срамот на Зоран Заев да не дозволиме да стане колективен срам. Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини, и да повлeче од изјавите претставуваат удар темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ тој уште подлабоко навлегува во небулози, навреди кон својот народ, историски мисинтерпретации и драматично ги руши позициите на сопствената држава и народ, изјави на денешната прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев е изолиран во намерата да го избрише македонскиот национален идентитет, да се откаже од историјата, а со тоа да нанесе штети на државата кои ќе имаат далекусежни последици кои што значат македонската држава да нема право да се темели на илинденското и антифашистичко наследство, тоа е она што го прави Зоран Заев овие денови.

Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти кои се вистинските ослободители, Заев ги става на другата страна, а добро знаеме дека антифашистичката борба се темелеше на илинденската борба, добро знаеме дека антифашистичката борба е продолжување на сонот на илинденците и со ова што Зоран Заев ја укинува и македонската државност, како и традицијата на народноослобителните борби од илинденскиот период и антифашистичкиот период, спротивно и на Уставот на Република Македонија.

Зошто го прави Зоран Заев ова? За фотелја, за власт и бизнис интереси,за своите фирми во Македонија, но и за своите фирми во Бугарија. Ова го прави за голо останување на власт и уште малку финансиска корист и интерес за него и неговите блиски, тоа тажната вистина.

Несогледливи се последиците од неговите ставови во понатамошните разговори.Ова што го прави е целосно рушење на позициите на Република Македонија на трајна основа, ова што го прави значи целосно рушење на било каква преговарачка позиција на Република Македонија во иднина.

И затоа ден поскоро, час поскоро да си поднесе оставка и да си замине.

Зоран Заев треба да си даде оставка и да замине. ВМРО-ДПМНЕ по завршуивањето на 100-те од доаѓањето на Владата ќе покрене прашање за доверба на Владата во Собранието на Република Македонија. И очекуваме Владат да не ја добие довербата, односно најмалку 61 пратеник да изгласаат недоверба на Владата на Зоран Заев.

Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат против овој национален срам и национално понижување. Само со оставка на Зоран Заев и изгласување недоверба на Владата која тој ја води ќе има шанса да се подобрат македонските преговарачки позиции а исто така и да се врати македонското национално достоинство.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денеска ќе бидеме низ Македонија. Во 18:00 часот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ ги повикуваме сите граѓани да се соберат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

Заедно, сплотени, обединети без разлика на партиска или политичка припадност да ја одбраниме Република Македонија, да ја одбраниме самобитноста на македонскиот народ, на македонскиот јазик, на македонската историја и македонското наследство.“