(ФОТО) Одбележани јавните простори во Скопје каде се случило сексуално вознемирување

Со обележување на јавните простори во градот Скопје, каде најчесто се случува/ло сексуално вознемирување на јавни простори, го обележавме 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и одбележуваме 16 дена против родово базирано насилство.

MK/AL⬇️Со обележување на јавните простори во градот Скопје🎯, каде најчесто се случува/ло сексуално вознемирување на…

Posted by Женска слободна зона – Zona e Lirë e Grave on Wednesday, November 25, 2020

Герила акцијата на „Женска слободна зона“ е изведена на места, односно локации наведени од жени и девојки кои доживеале сексуално вознемирување на јавните простори во градот Скопје и кои пополниле анкета спроведена во октомври 2020.

-Со оваа акција, сакаме да ја подигнеме свесноста за оваа форма на сексуално вознемирување и истовремено да испратиме порака за солидаризација и заедничка борба против сите форми на вознемирување и насилство врз жените- велат оттаму.