Како настанал најпопуларниот ден за шопинг во годината, популарниот „црн петок“?

Секој ноември со нетрпение се чека „црниот петок“ со цел да се пласираат производи по пониски цени.

Сепак, малку се размислува за фактот дека потеклото на овој „празник на попустите“ не може да се поврзе со некоја весела прослава, напротив. „Црниот петок“ е главниот ден за шопинг во годината, кој потекнува од Соединетите држави, а се слави низ целиот свет.

Се карактеризира со подготвки денови порано за купување на стоки со големи попусти што ги нудат трговците во последниот петок во ноември.

Некои попусти се протегаат низ целиот викенд, а некои и цел ноември. И во последно време, овој ден во Америка е честопати обележан со масовни борби, честопати придружени со употреба на оружје. Колку и да звучи чудно, луѓето во тие моменти стануваат „подготвени на сè“, за да дојдат до ефтината стока.

Постојат неколку приказни и теории за потеклото на оваа „прослава“. Уште во 1863 година, тогашниот американски претседател Абрахам Линколн го основаше Денот на благодарноста на последниот четврток во ноември. Во тоа време, петокот по Денот на благодарноста сè уште не беше познат како „Црн петок“. Една од теориите е дека терминот првпат бил употребен на 24 септември 1869 година, како резултат на падот на американскиот пазар на злато. Финансиерите на Волстрит,  Џеј Гол и Џим Фиск, работеа заедно за да купат што повеќе злато, а потоа да ги зголемат профитите со зголемувањето на цените. Фотографијата на табла во златната соба во Њујорк, на која се гледа падот на цената на златото, го симболизира чинот. Кога заговорот на Голд и Фиск бил откриен во петок, пазарот доживеал слободен пад и сите банкротираа, од банкари на Вол Стрит до земјоделци.

Целиот текст прочитајте го на Пари.