(ВИДЕО) Фановите беа спречени да присуствуваат: Марадона беше погребан на приватната церемонија со 200 луѓе

Илјадници фанови на Диего Марадона поради пандемијата беа спречени да му оддадат последна почит. Тој беше испратен до вечното почивалиште на приватна церемонија каде присуствуваат околу 200 луѓе.

Марадона беше пренесен до гробиштата „Бела Виста“ кои се наоѓаат на периферијата од градот, а каде почиваат неговите родители.

Кон вечното почивалиште Марадона беше испратен и од поранешните соиграчи со кои во 1986 година во освои Светското првенство, а присутни биле и голем број познати аргентински фудбалери меѓу кои и Карлос Тевез.