Ново истражување за Ковид-19: Ако се носеа маски на јавни места ќе имавме за 70% помалку заразени

Според едно ново истражување пандемијата од Ковид-19 можеше да биде спречена дури до 70% ако луѓето носеа маски на јавни места.

Студијата исто така покажа дека материјалот од кој е направена маската и должината на носењето на маската играат важна улога во ефективноста.

Улогата на заштитните маски

Истражувачите откриле во нивната студија дека маските со високи перформанси, како што се хируршките маски со ефикасност од околу 70 проценти, можат да го забават текот на пандемијата за 70 проценти во средини каде што граѓаните редовно користат такви маски во јавноста.

Дури и маските од ткаенина, кои се помалку ефикасни од хируршките, помагаат во забавување на ширењето на вирусот доколку се носи постојано, тврдат научниците од студијата

Според научниците, клучен аспект на носењето маски е нивната способност да спречат ширење на аеросоли низ воздухот. Ова може да се спречи само со хируршки маски или маски со ознака N95. Маските од платно спречуваат поголеми аеросоли, со големина од 5-10 микрони, кои се најчести.

Ефективноста на долгорочното носење маски, како што прават здравствените работници, покажува колку ефективни можат да бидат маските за носење. Научниците уште еднаш ја истакнаа важноста од редовно носење маски во борбата против пандемијата.