Трамп ќе ја напушти Белата куќа ако изборниот колегиум го избере Бајден

Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колегиум ја потврди победата на демократскиот кандидат eо Бајден на претседателските избори, објави Ројтерс.

Инаугурацијата на Бајден за нов претседател на Соединетите држави треба да се одржи на 20 јануари следната година.

Зборувајќи пред новинарите на Денот на благодарноста, Трамп исто така рече дека неодамнешните избори во САД се измама, но не понуди конкретни докази за нерегуларности во гласањето.

Тој исто така одби да каже дали ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден.