Загреб ќе врши масовно КОВИД тестирање на учениците во училиштата

Градот Загреб ќе спроведе проект за антигенско тестирање на голем број ученици од основните и средните училишта со цел да се добие слика за инфекцијата кај таа популација.

Информации за големиот тест објави градоначалникот Милан Бандиќ на неговиот Фејсбук профил.

„Градот Загреб, во соработка со Институтот за јавно здравје и Институтот за медицински истражувања и медицина на трудот, ќе спроведе прелиминарна студија за распространетоста на коронавирусот кај учениците и вработените во основните и средните училишта во градот Загреб.

Тестирањето со тестови за антиген ќе го спроведат вработените во Институтот за јавно здравје од 30 ноември до 4 декември во 15 училишта во градот Загреб. Во секое од 15 училишта, 8 основни и 7 средни, 120 ученици ќе бидат тестирани, со претходна согласност од родители и 20 вработени, по случаен избор.

Целта на тестот е да се добијат информации за присуството на вирусот во загребските училишта на репрезентативен примерок, врз основа на кој ќе бидат утврдени понатамошни епидемиолошки мерки во училиштата на градот Загреб “, напиша тој.