Проекти кои што ќе го намалат загадувањето на воздухот

Загадувањето на воздухот претставува сериозен проблем ширум светот. Градовите и државите се гушат во смог и загаден воздух, кои и’ штетат и на околината и на здравјето на глобалното население.

За среќа, светот е поблиску до решавање на проблемот од кога било досега. Со врвни технологии, владини иницијативи и иновативни проекти, конечно би можеле да ставиме крај на загадувањето на воздухот еднаш засекогаш. Голем дел од овие проекти и иницијативи се лесно применливи и кај нас.

Еве неколку од проектите кои можат да направат големо влијание за спечување на загадувањето.

Пријатели на Земјата

Една од најдобрите алатки во борбата против загадувањето на воздухот е образованието. Со едукација на луѓето за важноста на чистиот воздух, што можат да сторат за да допринесат за помало загадување и како да бидат свесни за квалитетот на воздухот во нивната област, проблемот со загадувањето може подобро да се реши.

Во светот постојат добротворни и невладини организации за животна средина. Таков е примерот во Велика Британија, организацијата им обезбедува на граѓаните тестирачки комплети, за да можат да научат повеќе за квалитетот на воздухот во нивните локални области. Комплетите вклучуваат цевка и лесен водич, така што засегнатите граѓани можат да добијат точни одговори за воздухот што го дишат.

 

Урбани шуми

Поради тешката индустрија што ја има низ цела Кина, тие страдаат од некои од најлошите нивоа на загадување на воздухот ширум светот.

Во изминатите неколку години, Кина спроведува бројни иницијативи за борба со загадувањето, во обид да го направи нивниот воздух повторно здрав.

Еден таков проект е вертикалната шума Нанџинг во провинцијата Џиангсу. Се проценува дека шумата ќе може да апсорбира 25 тони јаглерод диоксид, и да испушти доволно кислород за да го направи воздухот 3000 пати поздрав отколку што е во моментов.

Предложениот дизајн има 3.000 различни постројки и се очекува да биде завршен некаде оваа година.

 

Бесплатен јавен превоз

До сега е прилично вообичаено знаењето дека нашите автомобили се едни од најголемите виновници кога станува збор за загадување на воздухот. Затоа државите треба да размислуваат да го направат бесплатен јавниот превоз, да се охрабрат граѓаните да ги намалат стапките на јаглеродот оставајќи ги своите автомобили дома.

Ова е лесно примениво и кај нас.

 

Користење на возила со нулта емисија на гасови

Користењето на електични автомобили ќе придонесе најмногу за ова. Кога многу земји низ целиот свет конечно ќе успеат да ги забранат моторните возила и согорувањето од нив, ќе им требаат многу електрични возила за да ги заменат бензиските и дизел моторите. Индија објави дека од 2030 година тие ќе продаваат само електрични возила.

Ова ќе биде огромна промена на играта за Индија, чие население моментно страда од 1,2 милиони смртни случаи поврзани со загадување на воздухот годишно.

CityTree – Прочистување на урбаните области на природен начин

Урбаните области се најтешко погодени кога станува збор за загадувањето на воздухот. Недостаток на зелени површини и дрвја во градовите значи дека има мала можност да се апсорбира јаглерод диоксидот, оставајќи го воздухот со лош квалитет.

CityTree е вертикална единица, за разлика од билбордот, која вклучува мов и лишаи. Благодарение на овие вредни постројки, секоја единица може да апсорбира дури 240 тони јаглерод диоксид годишно. Ова значи дека тие можат да ја извршат задачата на 275 дрвја.

Сензори за загадување – Давање податоци за квалитетот на воздухот насекаде

Едно од прашањата што ја блокира борбата против загадувањето на воздухот е недостаток на сеопфатни податоци. Додека урбаните области се добро тестирани за нивниот квалитет на воздухот, предградијата и руралните области имаат помалку ресурси кога станува збор за мерење на квалитетот на воздухот.

Сензорите можат да обезбедат информации во реално време за најтешко погодените области кога станува збор за загадување на воздухот, овозможувајќи поефективни стратегии во борбата против загадувањето и да им овозможат на жителите да знаат кои подрачја во градот се најголем ризик за нивното здравје.

Најголем прочистувач на воздухот во светот – чистење на воздухот со облакодер

Во 2018 година започна работата на најголемиот светски прочистувач на воздухот во светот во Ксијан, Кина.

Масивната структура во висина од 100 метри која може да го подобри квалитетот на воздухот во радиус од скоро 10 квадратни километри.

Кулата е само една од бројните напори на Кина за борба против загадувањето на воздухот.

Нема да биде изненадувачки да се видат слични кули подигнати низ целата земја.

Кула која го преобразува смогот во накит

Вакум кулата го вшмукува смогот и ги кондензира честичките во скапоцени камења.

Тоа е иновација на холандскиот уметник, Дан Роузгард. Кулата без смог користи релативно малку енергија, испраќајќи позитивни јони во воздухот кои се поврзуваат со честички од прашина. Негативниот јон во вакумот ги влече позитивните јони назад внатре, заедно со честичките со себе. Иако кулата за прв пат дебитираше во Ротердам во 2015 година, сега се користи во други градови низ целиот свет.