Кичевчанец во мотоцикл пренесувал хероин и марихуана наменети за продажба

На 25.11.2020, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – ОВР Кичево, го приведоа Ф.И. (30) од Кичево. По претходно добиени оперативни сознанија, бил запрен мотоцикл управуван од Ф.И. и кај него биле пронајдени 38 паковки со хероин и три паковки со марихуана наменети за продажба. Против Ф.И., по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.