Дневен хороскоп за четврток 26 ноември 2020 година

ОВЕН

Размислувате во насока на проширување на вашиот бизнис на странски пазар. Се потпирате на интуицијата во текот на носење на нови одлуки и преговори. Брачниот партнер пробува да ве заинтересира, но не успева. Вас ве интересираат само полињата околу кариерата.

БИК

Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок. Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат. Слушајте ги луѓето во вашата околина.

БЛИЗНАЦИ

Загрижени сте поради финансии. Се распрашувате што ви треба за добивање на кредит, но во исто време се плашите да го земете. Разговарате со брачниот партнер за позајмица. Нејзиниот став е прагматичен.

РАК

Одличен ден за состаноци и преговори. Надредената личност будни ги следи вашите потези. Изненадена е од успехот, затоа што не го очекувала. Имате впечаток дека брачниот партнер е ладен кон вас. Не сте расположени.

ЛАВ

Би било добро да избегнете преговори или да испратите некој да ве замени. Вие сте доста крути, непопустливи дека ве чека фијаско на преговарачката маса. Вие сте задоволни со тоа како се развива врската. Здравјето е стабилно.

ДЕВИЦА

Не успевате да се опуштите и да се фокусирате на обврските. Под стрес сте поради лошите финансии, и тоа негативно влијае на вашиот работен елан. Немате волја да се видите со партнерот и закажувате состанок. Ве очекуваат проблеми со циркулацијата.

ВАГА

Тензијата опаѓа во текот на денот и ќе најдете вистинско време за сериозни разговори без да преминат во бура. Не се плашете да бидете искрени. Ќе си ги браните интересите и на професионално поле, верувајте во себе. На љубовно поле дајте му поддршка на партнерот и пофалете го за добрите работи.

ШКОРПИЈА

Имате субјективен впечаток дека сте неуспешни. Нивото на самодоверба е многу ниско. Врската е единствена област со која сте задоволни и која ви дава сила да одите понатаму. Нерасположени сте и депресивни.

СТРЕЛЕЦ

На работа ве очекуваат стандардна лоша комуникација со колегите. Сите сте бе пари и тоа лошо влијае на меѓусебните односи. Целосно сте незаинтересирани за љубовното поле и сакате да бидете сами. Лоша циркулација.

ЈАРЕЦ

Добивате информација од колегите која ви помага да го унапредите работниот проект. Уверени сте дека ве чека успех. Проблемите се натрупаа толку многу што не можете да ги решите. Вашиот сопружник ви ја обезбедува потребната поддршка во овој период. Вие сте многу нервозни и загрижени. Потребна ви е пауза.

ВОДОЛИЈА

Фрустрирани сте поради ситуацијата на работа. Имате впечаток дека што и да направите, нема ефект и работата стагнира. Одржувате комуникација со симпатијата. Другата страна не е свесна за вашите намери. Ве очекува губење на апетит.

РИБИ

Вашите планови се оптимистички и сакате работниот успех да ви овозможи појавување во медиумите. Не сте задоволни од врската и конечно признавате дека нема перспектива.  Одлично здравје.