Во врска зо Законот за јавнообвинителска служба со кој се предвидува вработените од СЈО да преминат во други обвинителства, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес конференција во Собранието на Република Македонија истакна дека ќе поднесат доволен број на амандмани за да не може да помине овој закон.
Според него целта на овој закон е да се заобиколи Законот за јавно обвинителство и државниот обвинител да добие ингеренции кои што не му следуваат, а се поврзани со вработените во СЈО.
Се додека постои голем сомнеж за сторен криминал, за незаконски земени награди и за злоупотреба на службената положба од страна на специјалните обвинители, дел од истражителите и службеници во СЈО сметаме дека не треба да има било какво легализирање на тие сомнежи за незаконско работење, истакна Милошоски.
И затоа инсистираме доколку парламентарното мнозинство има искрена намера, да ја гласа нашата Иницијатива за формирање на анетна комисија за увид во материјално- финансиското работење на СЈО, а го повикувам државниот јавен обвинител да излезе што поскоро со конечна истрага и можни обвиненија за злоупотреба на службената положба по однос на незаконитотото доделување на парични награди на членовите на СЈО и нивните соработници, повика Милошоски.