Тетово „шампион“ во светот според индекс на загаденост на средината за 2020 година

Тетово се најде на првото место на светска листа на загадени градови која е објавена на Нумбео онлајн база на податоци со информации за загаденоста.

Листата е составена според индекс на загаденост за средината на годината.

Индексот на загадување во Тетово изнесува 97.44, а по Тетово на второто и трето место се градови како Кабул во Авганистан и Катманду во Непал.