Берлускони падна во Загреб

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е хоспитализиран по падот на конгресот на десничарската Европска народна партија во Загреб, јавуваат италијанските медиуми.

83-годишниот Берлускони паднал вчера на завршувањето на конгресот на европските популисти, објави Кориере дела сера.

Тој неколку дена треба да мине во болницата Ла мадонина во Милано за медицински тестови, јавуваат италијанските медиуми.

Извори од партијата на Берлускони „Напред Италија“ наведуваат дека политичкиот ветеран не претрпел сериозни повреди.

„Не се скршени колкот, клучната косла, потколеничните или други коски“, наведуваат изворите.

Политичката кариера на трократниот италијански премиер и медиумски тајкун беше проследена со обвинувања за корупција и секс скандали.

Тој во последно време има здравствени проблеми. Беше подвргнат на операција на срцето во 2016. Годинава беше двапати опериран, првиот пат за кила, а вториот пат за опструкција на цревата.