Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.

Зеќири е избран на местото на досегашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Тој беше пратеник во минатиот состав на парламентот, а беше избран и на овие избори, но поднесе оставка откако влезе во комбинација за функција чие вршење е неспоиво со пратеничката фотелја.

Зеќири се споменуваше како можен директор на ФЗО.