Русија ги објави резултатите од ефикасноста на нивната вакцина против Ковид-19

Русија денес објави дека вакцината против Ковид-19 на рускиот институт за истражување „Гамалеј“ е ефикасна 95 проценти. Ова се прелиминарни резултати добиени 42 дена по примањето на вакцината Спутник-V.

Бројот на луѓе опфатени со резултатите од ова клиничко испитување не е наведен.

Русија уште во август, пред клиничките тестови на големо, објави дека Спутник-V е ефикасна. Тврдењето предизвика сомнеж кај меѓународната научна заедница.

Во меѓувреме, резултатите за ефикасноста на вакцината ги објавија Оксфорд / АстраЗенека, американско-германски Фајзер / БиоНТек и американската Модерна. Нивните вакцини покажаа заштита до 95%, додека вакцината развиена на универзитетот во Оксфорд од британско-шведската компанија АстраЗенека е со ефикасност од 90% .