„AliExpress“ кинеската платформата за трговија преку Интернет, има за цел да го зголеми својот удел на пазарот во Полска во следните години, изјави во понеделникот портпаролот на компанијата за локалните медиуми, објави Радио Кина.
Во интервју за полска агенција, Гаро Топ, претседател на одделот за Централна и Источна Европа, рече дека полскиот пазар е долгорочно врзан за „AliExpress“ поради огромниот потенцијал за раст. Компанијата планира да ги прошири своите потрошувачки услуги таму во 2021 година. Овие вклучуваат проширување на палетата производи со време на испорака од три дена, како и одложени плаќања.
„AliExpress е активен во Централна и Источна Европа од 2017 година, а Полска е клучен пазар во регионот“, додаде Топ. „Оттогаш, сведоци сме на огромен раст, особено на полскиот пазар за е-трговија, што е најбрзо растечки и најиновативен во Европа“, рече тој.
„AliExpress“ е моментално втора по големина платформа за целосна е-трговија во Полска, со приближно 5,87 милиони активни корисници во 2020 година, 4,8 милиони повеќе отколку во 2019 година. Е-трговијата во Полска се очекува да се зголеми за 27% оваа година.
