На листата на должници на УЈП се најдоа и познати бизнисмени и компании.Кумановскиот бизнисмен Бајруш Сејдији должи 112 милиони денари, „Бујото инженеринг“ должи 17,2 милиони денари, „Хисар туризам“ должи 9,8 милиони денари, струшкиот бизнисмен Георги Миладинов должи 8 милиони денари, „1 ТВ“ должи 4,2 милиони денари, ФК „Вардар“ должи 23 милиони денари.
Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Целосната листа на должници можете да ја погледнете тука.