СЗО: Многу е важно да има правична распределба на КОВИД вакцините кои ќе чинат скоро 30 милијарди долари

Со најновите позитивни новости од испитувањата за вакцините, светлината на крајот на овој долг, мрачен тунел станува сè посветла, изјави на вчера генралниот директор на Светската здравствен организација (СЗО) Тедрос Аданам Гебиезус.

Според СЗО Сега постои вистинска надеж дека вакцините во комбинација со други испробани мерки за јавно здравје ќе помогнат да се стави крај на пандемијата.

Значењето на ова научно достигнување не може да се прецени, изјави Гебриезус и додаде дека ниту една вакцина во историјата не е развиена толку брзо како овие. Научната заедница постави нов стандард за развој на вакцини.

Сега меѓународната заедница мора да постави нов стандард за пристап. Тој апелира вакцините да се дистрибуираат правично, бидејќи како што рече, сега постои реален ризик најсиромашните и најранливите да бидат прегазени во стампедото за вакцини.

Итноста со која се развиени вакцините мора да одговара на истата итност за да се дистрибуираат правично.

COVAX системот во кој учествуваат 187 земји, за да соработуваат за набавка и ширење на вакцините, обезбедувајќи најдобри можни цени, количини и време за сите земји, треба да обезбеди правичен пристап до вакцината.

Потребни се 4,3 милијарди американски долари веднаш за поддршка на масовната набавка и испорака на вакцини, тестови и третмани. Дополнителни 23,8 милијарди УСД ќе бидат потребни следната година.

Меѓународниот монетарен фонд проценува дека ако медицинските решенија можат да бидат достапни побрзо и пошироко, тоа може да доведе до кумулативно зголемување на глобалниот приход од скоро 9 трилиони американски долаи до крајот на 2025 година.