Мицкоски: Незадоволен сум од справувањето на здравствените власти со короната

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител го искажа своето незадоволство во справувањето на здравството со ситуацијата со корона пандемијата.

„Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова коешто се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почувствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. За среќа и двајцата ја поминаа, едниот потешко, а другиот полесно. Но фала му на Бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

Мицкоски додаде дека е сведок на многу јавувања на сограѓани коишто се соочуваат со оваа пандемија.