Дел од скопските општини, Прилеп и Тетово најголеми жаришта на коронвирусот

Фото: фб/општа болница Прилеп

Најголем број на заразени со КОВИД-19 во државава има во скопските општини, па во Прилеп и Тетово.

Во Скопје од почетокот на епидемијата 13.591 лице се водат за оздравени, 461 починале, а активни случаи на заразени се 9.883.

Како општина со најголем број на актвни случаи во државава е Гази Баба со 1427  случаи, потоа се Аеродром со 1424, Кисела Вода со 1.205, Карпош 1.192, Центар со 1.188, па следуваат Прилеп со 1.010 активни случаи и Тетово со 1.004 заразени.

Со најмал број на активни случаи се општините Пехчево (24) и Македонски Брод (33).

Од почетокот на епидемијата со коронавирусот во државава заболени се вкупно 54.743 лица, починале 1.511, а како активни случаи се водат 20.866.

Вкупно тестови до сега се направени 312.143.

Извор: Институт за јавно здравје