Завршен е првиот прекуграничен патнички мост што ги поврзува Русија и Кина, јави новинската агенција Ројтерс.

Мостот ќе го поврзе рускиот град Благовешченск со Хајхе во Кина, во обид да se  зголеми обемот на товарниот сообраќај меѓу државите.

Руското министерството за развој на рускиот далечен исток и Арктикот во петокот соопшти дека мостот треба да биде отворен за сообраќај во пролетта 2020 година, објави новинската агенција.

Изградбата на мостот, што тече над реката Амур, вклучуваше изградба на повеќе од 12 милји (20 километри) нови патишта, а беше спроведена од руско-кинеска компанија.

„Формираме нов меѓународен коридор на транспортот“, го цитираше Ројтерс Василиј Орлов, гувернер на регионот Амур. „Тоа ќе ни овозможи целосно да го достигнеме нашиот транзитен потенцијал“.

Руската државна новинска агенција ТАСС извести во јануари дека изградбата на мостот започна во 2016 година и ќе чини околу 18,8 милијарди рубли.

Мостот е еден од најновите градежни проекти дизајнирани за поврзување на двата града.

Во 2020 година, треба да се отвори прекуграничен жичарник меѓу Хаих и Благовешченск, дизајниран од холандски архитекти UNStudio.

Времето на патување по жичарницата меѓу градовите ќе биде приближно седум и пол минути.