Револуционерен пронајдок: Преку апликација откриете дали вашето домашно милениче е луто или гладно

Поранешниот инженер на Амазон Хавиер Санчез, разви интересна апликација MeowTalk, која може бесплатно да се најде на Google Play и App Store.

Апликацијата во реално време го „преведува“ мјаукањето на вашето домашно милениче, за да знаете што сака да каже.

Кучињата се чувствуваат како личност, а особено сакаат добри луѓе

Дополнително сопствениците му помагаат на проектот со создавање бази на податоци врз основа на кои вештачката интелигенција (AI) учи нови „изрази“.

Во моментов, MeowTalk нуди тринаесет фрази, вклучително и „Нахрани ме“, „Лут сум“, и „Остави ме“.

Креаторот на апликацијата објаснува дека мачките, за разлика од луѓето, немаат заеднички јазик, но секоја „комуницира“ на уникатен начин.

Од таа причина, нема универзална база на податоци, но тие се разликуваат од сопственик до сопственик, пренесува BBC News.