(ФОТО) Се бореше со анорексија, а сега е една од најпознатите и најатрактивни фитнес модели

Лора Ејми е австралиска фитнес инструкторка и инфлуенсерка, која моментално изгледа беспрекорно и е една од најпознатите фитнес модели, а зад неа стои тешка животна приказна.

Пред пет години, Лора имаше 39 килограми и се бореше со анорексија. Таа отворено зборуваше за нејзиниот проблем.

“Бидејќи забележав дека многумина не верувате во ред, работа и дисциплина, во една прилика имав само 39 килограми и се борев со анорексија. После некое време се пронајдов  во вежбањето и се зголеми мојата тежина. Затоа Пресреќна сум “, напиша Лора во една прилика, не криејќи го своето минато.

Нејзината нова слика од креветот, во речиси проѕирна долна облека, го запали Инстаграм, а фановите со ентузијазам коментираа.