Дали мастурбацијата го зајакнува имунитетот? Еве што велат експертите!

Целата планета се прашува како да се зајакне имунитетот во време кога коронавирусот коси низ целиот свет.

Веќе знаеме дека витаминот Ц, цинк и други витамини се корисни за имунитетот, но исто така има и бројни истражувања кои ја водат оваа приказна во сосема поинаква насока.

Мастурбацијата е одлична за имунитетот, дали е ова вистина или измислица?

Знаеме дека мастурбацијата го намалува стресот, нè прави порелаксирани и среќни, помага при несоница и вознемиреност, а една студија што повторно се шири на Интернет, покажа дека наводно го зајакнува имунитетот.

Студијата е објавена во 2004 година во Германија, а нејзините автори со гордост објавија дека мажите биле тестирани пред и по мастурбацијата и дека после тоа имале значително поголемо ниво на Т-клетки во нивните тела.

Друго истражување објавено во списанието „Психолошки извештаи“ открива дека луѓето кои имале секс барем еднаш неделно имале поголемо ниво на IgA антитела.

Но, што всушност значат овие податоци?

Да почнеме со имунолошка студија. Само оргазмот не бил клучен за овие резултати, според имунологот Клифорд Ловел.

„Ова беа луѓе кои имале секс почесто со различни партнери, поради што нивното тело било изложено на поголем број инфективни агенси и морало да ја зајакне својата одбрана“, наведува тој.

Интересно е што оваа студија исто така покажа дека луѓето кои имаат секс повеќе од три пати неделно, всушност имале многу помалку антитела од претходната група, за што научниците немале добро објаснување.

И германската студија за мастурбација опфати само 11 мажи, што е премал примерок за науката да ја смета за валидна.

„Не е спроведена студија што би довела до специфични откритија поврзани со наводната врска помеѓу имунитетот и мастурбацијата или оргазмот, на начин што би го заштитило нашето тело од инфекции“, подвлекува сексологот Ерик Смит.

Значи, мастурбацијата е забавна и здрава, но нема никаква врска со зајакнување на имунитетот.