Филипче: Воспоставениот систем на клиниките покажа дека добро функционира

Министерот здравство Венко Филипче по состанокот со директорите на клиникете соопшти дека воспоставениот систем во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира.

„Дава резултат во поголем број на оздравени пациенти, но и доволен број на слободен кревети. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто да не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата“, соопшти Филипче.

На состанокот со директорите на повеќе клиники, но и со директорот на ГОБ „8 Септември“ разговаравме за состојбата на пациентите хоспитализирани во ковид одделенијата, бројот на слободни кревети и дали здравствените работници имаат дополнителна потреба од заштитна опрема за работа. Притисокот врз болниците ќе продолжи и во следните месеци. Од клучна важност е сите да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, соопшти Филипче.