Каракачанов: Владите во Македонија не создадоа услови за нормален развој на своите граѓани

Владите во Македонија не создадоа услови за нормален развој на своите граѓани , туку создадоа само напнатост во земјата. Прво почнаа да ги гонат луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликт со Албанија, скандали со Грција, скандали со Бугарија – од овие причини, дел од Бугарите во Македонија бараат и бугарско државјанство “, изјави утрово во емисија на бугарската ТВ Бтв, министерот за одбрана и вицепремиер на Бугарија,Красимир Каракачанов.

Според него, Бугарија многу јасно изјавила дека основата на нивната поддршка за ЕУ е спроведување на договорот, кој беше потпишан во 2017 година, а кој, според него не се спроведува.

„Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски тоа многу јасно го рече : И покрај големата желба на премиерот Зоран Заев, со Македонија управуваат поранешните југословенски служби, кои ги контролираат медиумите, политичката елита и бизнисот“, објасни Каракачанов.

„Досега, нашите пријатели во Македонија, јас би ги нарекувал браќа, добиле само добри работи од Бугарија – ние први ја признавме нивната независност.

Според него, речиси 30 години, кога Бугарија правела нешто добро, не бил кажан ниту еден добар збор од македонски политичари, меѓутоа, кога Бугарија ќе го поставела прашањето за заедничка историја , дека има луѓе кои се потиснати дека се Бугари, тие ги уништуваат бугарските споменици , ја фалсификуваат историјата, тогаш се појавува завивање, вели Каракачанов.

„Оваа земја тропа на вратата на Европа , дури и ние ја влечеме за рака да влезе во Европа . Ние сакаме оваа земја да се однесува со почит “, рече Каракачанов.