5- годишно детенце ги покани своите другарчиња од градинка, на своето сослушување за посвојување

Детенце од Мичиген се појави во судницата во Гранд Рапидс, Мичиген, во четвртокот на сослушување со своите згрижувачки родители, а со него во судницата присутни толпа од преслатки поддржувачи.

Целиот клас од градинка на петгодишниот Мајкл седела во публиката зад него  мавтајќи со големи црвени срца залепени на дрвени стапчиња за да ја покажат својата поддршка.

Таткото посвоител на Мајкл изјавил за Си-Ен-Ен дека омилен дел бил кога судијата ги замолил сите присутни во судницата да објаснат што им значи Мајкл.

Неговите соученици од градинка ги дале најтрогателните и симпатични одговори во судницата искажувајќи ги емоциите за своето другарче Мајкл како: „Го сакам Мајкл“ или „тој е мојот најдобар пријател“, рече неговиот татко.

Тој додаде дека судијката кажала дека тоа било прв пат кога  присуствувала на вакво посвојување каде цел клас од градинка бил присутен на сослушување  во нејзината судница.

Родителите на Мајкл го негувале една година, пред да биде посвоен.

Мајката на Мајкл изјави за Си-Ен-Ен дека учителката на нејзиниот нов син, г-ѓа. Меки, ја зачнала идејата за да му приредат изненадување на Мајкл за неговото посвојување.

„Мекки знаеше дека одлуката ќе биде финализирана наскоро, и двајцата се согласија за тоа како да го направат големиот ден особено посебен за Мајкл.“ – изјавила мајката на Мајкл.

Новиот татко и мајка на Мајкл се во брак скоро 10 години, а тој живее со нив како бил  згрижен од нив  на  Денот на благодарноста.

„Ние претходно немавме деца, а  работите станаа прилично хаотични во брзањето“, рече неговиот татко.

Гордите родители рекоа дека нивниот харизматичен син сака да танцува и да плива, и да игра кошарка и фудбал.

Тие велат дека се воодушевени од тоа колку пријатели има, а неговиот татко вели дека еден од најубавите делови од изминатата година била кога многуте деца со кои си играл го поканиле (Мајкл) во нивните домови и го прифатиле за свое другарче.