Диего Симеоне со својата прва победа над Барселона во Ла Лига на 18 натпревари

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ја прослави првата победа над Барселона во Примера во 18 натпревари.

„Душеците“ ги совладаа Каталонците со 1-0 во натпревар од 10. коло, а успехот дојде по грешка на голманот Андре Тер Штеген на крајот на првото полувреме. Досега Симеоне имаше 6 ремија и 11 порази на натпреварите против Барселона.

“Во фудбалот треба да мислите натпревар по натпревар. Понекогаш победуваме, понекогаш губиме. На последните натпревари со нив бевме блиску до победа. Задоволен сум од напорите на тимот, со разбирање на играта во нападот и одбраната. Имавме добри позиции, Љоренте можеше да даде втор погодок, но сепак не реализира.  Веќе долго време велам дека имаме добра група играчи и тоа ни дава шанса да го направиме она што се очекува од нас. Најважно е да напредуваме во споредба со минатата сезона” – прокоментира Симеоне.