(ВИДЕО) Руска алпинистка со неверојатно брзо искачување стигна до светски рекорд

Колку време ви е потребно да се искачите на врвот на карпа?

На Русинката Јулија Каплина и требаа помалку од седум секунди! И тоа е исто така светски рекорд во женска категорија.

На Европското првенство во алпинизам што се одржа во Москва, Јулија Каплина стана само втора спортистка што ја помина оваа делница за помалку од седум секунди.

Нејзиниот резултат од 6,96 секунди е нов светски рекорд, а противничката што се искачуваше на патеката покрај неа не беше ни близу до совладување на Каплин.

Инаку, Јулија Каплина има 27 години, таа е една од најдобрите натпреварувачи во брзо искачување, а во 2016 година беше и светски шампион.