Заев за Франс Прес: Секое прашање за македонскиот идентитет е „црвена линија“

Во интервју за Франс Прес премиерот Зоран Заев истакна дека секое доведување на македонскиот идентитет во прашање претставува црвена линија.

Според Заев ветото од Бугарија претставува непријатно изненадување, а секое прашање поврзано со македонскиот идентитет е црвена линија.

-Тоа е прашање на самоопределување, што е во срцето на европскиот проект. Постои апсурдност во целиот проблем, вели Заев.

Тој верува дека историските отворени прашања треба да се остават во надлежност на историчарите нотирајќи дека е постигнат напредок за одредени теми. Потсетувајќи дека земјава веќе се соочила со блокада на евроинтеграциите од грчка страна како последица на што е постигнат како што вели тешкиот договор со Атина во 2018 година.