Ангелов: Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глава

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој раководи и со Главниот кризен штаб на фејсбук ивести дека му завршило времето кога безгрижно си кршел ќерамиди со глава.
„Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.
Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19.
Заради поуспешна работа на Главниот Штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на ФБ страната на Центарот за управување со кризи“, напиша Ангелов.