Србите донирале околу 18 милиони долари за кампањата на Трамп

Пратеникот на ЛДК, Фатон Бислими, кој работел во изборниот штаб на демократот Џозеф Бајден, вели дека Албанците ја поздравуваат победата на Бајден. Тој додава дека Србите собрале милиони за да ја финансираат кампањата на сегашниот претседател Доналд Трамп.

„Американските Срби собраа околу 18 милиони долари за Трамп“, рече Бислими.

Бислими потсетил на минатото на Бајден, велејќи дека тој е пријател на Албанците.