Кина масовно ќе тестира 3 милиони жители, по појава на 5 новозаразени со коронавирусот

Кина ќе започне масовно тестирање на три милиони луѓе на КОВИД-19 во Тијанџин, град на северот на земјата, и тестираше 4.015 лица во болница во Шангај по регистрирање на неколку заразени лица.

Националната здравствена комисија денес регистрираше седум нови домашни случаи на инфекција, од кои пет во Тијанџин и два во Шангај.

Локалните власти во Тијанџин изолираа станбена зграда, болница и градинка во кои се појавија новите случаи на зараза.

Денес, тие почнуваат да ги тестираат сите жители на областа Бинхај во Тијанџин.

Властите во Шангај ја затворија болницата откако маж и жена во петокот вечерта по посетата на болницата беа позитивни на тестот за „Ковид-19“.

Вкупниот број на потврдени случаи во Кина сега е 86.414.