(ВИДЕО) Лекарите со порака до граѓаните: Преморени сме, но не се откажуваме, помогнете со почитување на мерките

Здравствените работници неуморно го даваат својот максимум во третманот и грижата за пациентите. Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти.

Во видео обраќање, д-р Милена Стевановиќ, д-р Дејан Докиќ, д-р Калина Гривчева-Старделова, д-р Илир Демири, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивната поддршка. Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе 9 месеци се во првите борбени редови.

 

Тие потсетуваат на одговорноста и грижата за сопственото здравје и здравјето на најблиските со носењето заштитна маска, одржувањето физичка дистанца, негрупирањето и честото миење на рацете како клучни мерки во справувањето со ковид-19 кризата.