Во Бугарија за еден ден регистрирани 4.000 нови случаи со КОВИД-19

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 3983 нови случаи на инфекција со КОВИД-19 од направени 9786 ПЦР тестови. Ова го покажуваат податоците на официјалниот портал за ковид информации во Бугарија.

Така, вкупниот број на позитивни случаи во земјата од почетокот на епидемијата достигна 118.418 лица. Од нив, активните случаи се 81.252.

Најмногу случаи има во Софија- 1031, Пловдив – 409, Варна – 302, Стара Загора – 315;  Благоевград – 153…

5942 пациенти се хоспитализирани, од кои 383 се во сериозна состојба. Расте и бројот на излекувани лица – 34.388. Од нив, 1.061 се регистрирани во текот на изминатите 24 часа.

Бројот на смртни случаи е зголемен за 129, со вкупно 2778 починати од почетокот на пандемијата.