Дневен хороскоп за сабота 21 ноември 2020 година

illustration of 12 colorful zodiac web buttons

ОВЕН

Не ја сакате монотонијата и тешко ви е да одржите сериозна врска бидејќи не сте подготвени. Мистериозни сте кога се работните планови во прашање. Ги криете од колегите за да не ви ги земат идеите. Чувствителен стомак. Внимавајте на исхрана.

БИК

Загрижени сте поради соработката со странци. Не одговораат на ваквите пораки, па се плашите да не се откажат од соработка. Вашите емоции се интензивни. Љубоморни сте без причина. Водете сметка околу кожата.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот главен адут е интелигентната комуникација. Работните состаноци се успешни и се одвиваат во правец кој вам ви одговара. Емотивното поле воопшто не ве интересира.  Хронични проблеми со коските и зглобовите.

РАК

Викендот ќе ви биде поволен за донесување на нови деловни одлуки или потпишување на некој договор. Во љубовта обидете се да разговарате со саканото лице за проблемите кои ве измачуваат.

ЛАВ

Пред вас е солиден викенд кога станува збор за работата и заработката. Ќе успеете да ја подобрите материјалната состојба. Во љубовта ќе имате многу убав однос со партнерот.

ДЕВИЦА

Ги губите нервите поради лошата деловна соработка и среќни сте што ја прекинавте. Осамени сте. Загрижени сте што не можете да најдете соодветен партнер. Вие сте емоционално ранливи. Вие сте тажни и лошо расположени.

ВАГА

Фокусирани сте на постигнување нов деловен договор. Комуникацијата се одвива во посакуваната насока. Иритирани сте од ставовите на вашиот партнер и избегнувате комуникација со него. Вие сте задоволни од вашата здравствена состојба.

ШКОРПИЈА

Не сте задоволни од соработка со соработник. Носите одлука да ја прекинете. Другата страна е изненадена од вашата одлука. Задоволни сте од оваа сфера. Дигестивниот систем е чувствителен.

СТРЕЛЕЦ

Имате впечаток дека повеќе работите на отстранување на проблемите отколку на реализацијата на плановите. Ви пречи статусот на слободна личност. Сакате љубов и страст. Носите одлука да исфрлите некои намирници од употреба за подобро здравје.

ЈАРЕЦ

Комуникацијата со соработниците не е најдобра. Многу ве загрижуваат финансиите. Доаѓа до изненадувачки трошок кој сериозно го нарушува буџетот. Емотивниот и социјалниот живот се сведени на нула. Потребно ви е да се одморите.

ВОДОЛИЈА

Нервозни сте поради финансиите. Трошоците се собираат, а не сте во позиција да го зголемите приходот. Односот со партнерот не е најдобар. Секој влече на своја страна и немате впечаток дека сте пар. Наклонети сте кон промена на расположението.

РИБИ

Викендов не сте претерано тактични па лесно можете да се впуштите во некои кавги и препирки. Саканото лице се труди да ви угоди но вие едноставно не сте расположени. Работата толку добро ви оди, што дури и надредената личност ви честита на успехот.