Смолинг: Манчестер Јунајтед ме доведе во непријатна позиција

Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг ги сподели своите искуства околу трансферот во кој од Манчестер Јунајтед заврши во Рома. Минатата сезона дефанзивецот играше на позајмица во Рома, а во октомври оваа година потпиша договор со „волците“ до 2023 година.

“Ме ставија во многу незгодна позиција. Разбрав дека моите шанси на Олд Трафорд под водство на менаџерот Оле Гунар Солсјаер не беа големи, но сето тоа се случи буквално во последен момент. Трансфер пазарот во Англија се затвори и италијанскиот пазар остана отворен само уште еден ден“- рече Смолинг.

„Тие сè уште не ми кажаа какви се нивните планови за мене. Морав брзо да одлучам. Мојата сопруга штотуку се породи. Малку се вознемирив од оваа ситуација “, изјави Смолинг за„ Дејли меил “.