Мурињо доби ироничен одговор од Гвардиола

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола иронично одговори на неговиот колега во Тотенхем Жозе Мурињо. Португалецот јавно се сомневаше во повредата на Рахим Стирлинг, кој не играше за Англија во Лигата на нации, но денес ќе биде достапен за натпреваарот против „мамузите“.

Причината за зборовите на „Специјалниот“ беше жалба на тренерот на „Трите лава“ Герет Саутгејт дека мора да повика некои менаџери за да се убедат да ослободат одредени играчи.

„Го советувам Мурињо да оди кај лекарите на националниот тим или оние на Манчестер Сити и да ги праша, освен ако тој самиот веќе не стана лекар“, рече Гвардиола, кој потпиша нов двегодишен договор со „граѓаните“.