Пендаровски: Бугарската политика нема излезено од матрицата на „живковизмот“ и нивната комунистичка историја

„Шанси некакви минимални постојат, но реални изгледи, за жал, не постојат”, изјави Пендаровски во емисијата „Трилинг“ на ТВ24, коментирајќи ги условувањата од Софија за започнување на Македонија на преговорите за влез во ЕУ.

Пендаровски оценува дека официјална Софија во последниот период драстично ја променила политиката кон Македонија.

Според него, сите актуелните бугарски политичари имаат исти тези и ставови во однос на Македонија.

Нивните позиции влечат корен од оние изградени од страна на бугарскиот комунистички лидер Тодор Живков, рече Пендаровски.

„Главните тези на бугарската политика кон нас или кон т.н. македонско прашање, како што велат историчарите, се исти во последните 70 години. Основоположник на тие позиции дека не постои македонски народ и не постои македонски јазик е Тодор Живков. Практично, актуелната бугарската политика нема излезено од матрицата на живковизмот и од матрицата на нивната комунистичка историографија“, рече Пендаровски.

Пендаровски спомена дека информациите кои доаѓаат од Брисел покажуваат дека ниту една друга земја членка на ЕУ не ја подржува и споделува оваа позиција на Бугарија.

Според пендаровски разликите со Бугарија може да се премостат само со продолжување на преговорите после блокадата и после нивните избори.