Почна повратот на ДДВ за граѓаните за месеците јули, август и септември

УЈП почна со исплатата на повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје.

На сметктие на граѓаните треба да легнат околу 430 милиони денари од остварен промет во јули, август и септември во вкупен износ од 29,8 милијарди денари.

Повратот за ова тримесечје е малку подоцна од вообуичаениот термин, затоа што овој месец се враќаше ДДВ и од „Викенд без ДДВ“.

Во наредните денови сите кои скенирале сметки во јули, август и септември на трансакциските сметки ќе го добијат повратот на ДДВ.