Познати осмина финалистите во Лигата на шампионите

Екипите на Ливерпул, Наполи, Барселона, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Лион, Валенсија и Челси го обезбедија своето место во нокаут фазата уште во вторникот, додека синоќа преостанатите осум учесници. Тоа се екипите на ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Тотнем, Манчестер Сити, Аталанта, Јувентус и Атлетико Мадрид.

Екипите на ПСЖ, Баерн, Манчестер Сити, Јувентус, Ливерпул, Барселона, Лајпциг и Валенсија успеаа да се најдат на првото место во групата, што значи дека ќе имаат мала предност пред Реал Мадрид, Тотенхем, Аталанта, Атлетико Мадрид, Наполи, Борусија Дортмунд, Лион и Челси, поради тоа што реваншот ќе го играат на домашен терен.

Пласман меѓу 16. најдобри обезбедија сите тимови кои се од најсилните пет лиги, а ниту еден од преостанатите лиги не успеа да се пласира понатаму, што за прв пат се случува во историјата на Лигата на шампионите.

Во Лигата на Европа продолжуваат Клуб Бриж, Олимпијакос, Шахтјор, Баер Леверкузен, Салцбург, Интер, Бенфика и Ајакс.

Ждрепката за двојки во осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи во понеделник во Нион. Првите натпревари од осминафинале се играат на 18, 19, 25 и 26 февруари, а реваншите се закажани за 10, 11, 17 и 18 март.

Големото финале се игра на Олимпискиот стадион „Кемал Ататурк“ на 30. мај следната година.