Ибрахимовиќ со маестрален потег, на сите соиграчи им купи ист подарок

Играчите на Милан како Матео Мусачио, Саму Кастиљехо и Рафаел Леао го објавија подарокот од Ибрахимовиќ на социјалните мрежи.

Најстариот играч на Милан, Златан Ибрахимовиќ (39) им го подари новиот „Плејстејшн 5“ на сите свои клупски соиграчи на денот кога излезе конзолата во Европа.

Јапонската корпорација Сони ја издаде конзолата на продажба во четвртокот, а Ибрахимовиќ веднаш купи дваесетина примероци во чест на своите млади соиграчи со кои има брилијантни резултати.