Може ли да се реши спорот со Бугарија до крајот на годинава и да почнеме преговори со ЕУ

Скопје и Софија сè уште можат да го решат својот спор, рече премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Според бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, сепак, реалните шанси да се случи ова се мали.

Според Заев, комуникацијата со Бугарија продолжува на сите нивоа. Премиерот рече дека дијалогот е најинтензивен меѓу министрите за надворешни работи на двете земји и заедничката група под нивен надзор.

Според Красимир Каракачанов, бугарската влада вложила многу напори за Република Северна Македонија, но нејзиниот влез во Европската унија не може да биде безусловен – компромисите се завршени.

За Заев, македонскиот народ и македонскиот јазик се непобитен факт

Како што спомен премиерот Заев во интервјуто на ТВ21, „Европа не може да помине преку тоа, затоа што, прво, ако е така ваквите билатерални прашања ќе станат правило и тоа е недозволиво за ЕУ“.

„Моја должност е да не се откажуваме и да стигнеме до решение заради тоа што нашиот народ очекува да најдам решение“, рече Заев.

Завчера во бугарскиот парламент за позицијата на Бугарија во рамките на преговарачката рамка за пристапување, Каракачанов рече дека имал впечаток „дека за време на разговорите, колегите од Скопје се однесуваа како Бугарија да е кандидат, а не тие”.

Тој коментираше и дали се очекува притисок од ЕУ за одлуката на Бугарија.

“Кој ќе не притисне? Отсега натаму, постои теоретска можност до крајот на годината, ако Македонија е подготвена да биде вратена на дневен ред, но ова е теоретски. На крајот, нема еден месец. до крајот на германското претседателство. Значи, тоа е теоретски можно, но во реалноста тоа не може да се случи“, рече Каракачанов.

Бугарскиот парламент едногласно ја потврди блокадата на Македонија кон ЕУ

По сексистичката навреда објавена завчера против бугарската и грчката министерка за надворешни работи,на иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија.

„Ова е отворен говор на омраза што го нарушува достоинството на секоја Бугарка. На ваквиот балкански сексизам нема место во Европската унија“, рече министерката Екатерина Захариева за БНТ.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов на владината седница завчера истакна дека бугарската позиција не е позиција на тврдоглавост, или позиција да ги запреме нашите најблиски пријатели. Според него, бугарската позиција е „принципиелна и ги одразува очекувањата на сите бугарски граѓани”: „Подготвени сме да ги продолжиме разговорите”, додал Борисов, нагласувајќи го спроведувањето на Договорот за добрососедство.

Заев: Недонесувањето одлука за почеток на преговори е пораз за идејата на ЕУ

Германскиот магазин Шпигел пишува дека по ветото на Унгарија и Полска на буџетот на ЕУ, бугарската блокада на Северна Македонија предизвикува уште една криза во ЕУ.

Бугарија наметнува еден нов преседан во политиката на проширување на Брисел- таа го користи своето гледиште на историјата на гротескен начин како политичко средство против соседна земја.

Се работи за тоа, како владите на некои ЕУ членки го злоупотребуваат правото на вето за сопствени националистички внатрешно-политички кампањи. Со тоа многу и наштетуваат на веродостојноста на ЕУ во нејзиниот најважен соседен регион- Западниот Балкан, пишува Шпигел.

Софија ни го блокира почетокот на преговорите со ЕУ. Што понатака?