Додека Македонска пошта трупа долгови, приватна компанија со профит од 1.6 милиони евра

Дваесет компании од поштенската дејност во 2019 година имале приходи од 38,4 милиони евра, добивка од 2 милиони евра и вработувале 2.959 луѓе.

Во поштенскиот бизнис во земјава работат 103 компании. При тоа, само една од нив е во групата на големи, две се водат како средни, додека 81 се микро фирми а 19 се мали. Ова го покажува анализата за состојбите во поштенскиот бизнис во земјава што ја направи „Таргет Груп“. При тоа, во дваесетте компании што имаат најголеми приходи во овој бизнис, лани се свртела сума од 38,4 милиони евра, додека пак во дваесетте компании што имаат најголеми добивки – минатата година е направена вкупна добивка во износ од 2 милиони евра.

Највисоката добивка во овој бизнис, минатата година ја има компанијата „ДелЦо“. За оваа фирма што е од групата на среден бизис, 2019 година се покажала како многу подобра од 2018 година.  Приходите лани се зголемиле за 50,4 отсто во однос на претходната година и достигнале 4,2 милиони евра. Во делот на добивката пак, лани оваа компанија покажува раст од 248 отсто во споредба со претходната година. Односно, лани има добивка во износ од 1,6 милиони евра. Сепак, компанијата лани го намалила бројот на вработени за 5,3 отсто и лани таму работеле 284 луѓе.

„Ние сме целосно лиценциран давател на поштенски услуги во Македонија и единствен доставувач кој нуди специјализирана достава на сензитивни и правни документи“, стои на интернет страната на „ДелЦо“ и при тоа се наведува дека употребуваат модерна технологија за следење и оцена на сите чекори во процесот на достава, односно постои можност пратката да се следи во секое време.

Доколку ја споредиме со Македонска пошта, еве како изгледаат бројките:

Целата анализа прочитајте ја на Пари.