Во судскиот процес за предметот „Еразмус” во кој се поднесени обвиненија за поткуп, а кои се однесуваат на пет професори и еден асистент од економскуот факултет во Скопје, сведок тврди дека еден од професорите барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.
Сведокот Трајковиќ е поранешен вработен во бифето на Економски факултет. Тој посредувал помеѓу студентите и професорите, со тоа што се информирал преку еден од демонстраторите, на кој професор колку треба да се плати за да се добие преодна оценка. Секој професор имал своја тарифа за да им даде преодна оценка на студентките.
АКЦЕНТ НА ДЕНОТ: Премиерот Заев за заканите: Нема да дозволам на моите деца и на семејството влакно да им фали од главите
Премиерот Зоран Заев за најновите снимки кои излегоа на каналот Јутјуб и за заканите кои викендов му ги упати граѓанин преку порака на Фејсбук истакна дека нема да дозволи на своето семејството влакно да им фали од главата.
АКЦЕНТ НА ДЕНОТ: Денес нови аудио снимки поврзани со Рекет објавени на „Youtube“
Денес повторно на „Youtube“ се објавени нови девет кратки прислушувани разговори на каналот „U6e Big“ поврзани со случајот „Рекет“.
Со претходно објавените седум, сега на интернет се поставени вкупно 16 аудио разговори каде се слуша глас кој наликува на бизнисмен сведок во случајот „Рекет“ но и осомничен во истрагата „Империја“ на СЈО.