Во судскиот процес за предметот „Еразмус” во кој се поднесени обвиненија за поткуп, а кои се однесуваат на пет професори и еден асистент од економскуот факултет во Скопје, сведок тврди дека еден од професорите барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.
Сведокот Трајковиќ е поранешен вработен во бифето на Економски факултет. Тој посредувал помеѓу студентите и професорите, со тоа што се информирал преку еден од демонстраторите, на кој професор колку треба да се плати за да се добие преодна оценка. Секој професор имал своја тарифа за да им даде преодна оценка на студентките.
Обвинителството за организиран криминал за предметот „Еразмус“ гони петмина осомничени, меѓу кои поранешниот декан и професор на менаџмент, Бобек Шуклев. Предметот е отворен во јуни 2016 година. Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење, а имало случаи кога студенти добиле шестка иако немале право да го полагаат испитот или не им бил пријавен во таа испитна сесија. Осомничени се професорите Бобек Шуклев, Славе Ристески, Драган Јанев и Стојан Дебарлиев.